Припадниците на овој хороскопски знак се познати по нивната голема и моќна енергија, но и нивната способност да гледаат на секој проблем од повеќе агли, да го анализираат и да донесуваат паметни одлуки.
Имаат голема желба за слобода, па избегнуваат луѓе и ситуации кои ги ограничуваат.
Се работи за Водолија.
Луѓето родени помеѓу 21 јануари и 20 февруари обично се ладни, мирни и присебни, но можат да бидат многу сурови и да ги покажат своите вистински бои доколку некој ги повреди.
Водолиите се фиксен знак, што значи дека се многу стабилни, но во исто време ограничени.
Многумина велат дека тие се всушност најлошиот знак во хороскопот.
Луѓето кои не ја познаваат добро личноста родена под овој хороскопски знак, нивното вообичаено однесување ќе го карактеризираат како грубо. Често ќе ги нарекуваат некултурна личност без манири, но вистината е дека тие постапуваат според тоа како се чувствуваат во тој момент и Водолиите не гледаат ништо непристојно во тоа.
Нема лоша намера зад работите што ги прават, но нивните постапки може да наидат на неодобрување од луѓето кои не ги познаваат.
Водолиите можат да имаат и лоша смисла за хумор. Често знаат да се шегуваат на туѓа сметка или да спомнат чувствителна тема, поради што другите ги сметаат за навредливи.
Исто така, припадниците на овој знак го имаат Уран во својата натална карта, поради што имаат уникатни карактеристики – знаат да бидат нерасположени и претерано чувствителни, но тоа никогаш нема да го покажат на другите.
Тие често имаат потешкотии да постигнат длабоки и стабилни емотивни врски, бидејќи можат да бидат променливи, но и тврдоглави, што им отежнува да одржуваат врска.