По разводот со Џенифер Лопез, Бен Афлек ужива во самотниот живот.
Извор близок до 52-годишниот актер изјави за People дека актерот е „здрав, слободен и ужива во животот“ за време на празничната сезона и со нетрпение очекува да помине квалитетно време со своите деца по напорната година во неговиот приватен живот.
„Бен ги поминува празниците со своите деца и е возбуден што Виолет ќе се врати дома за празниците“, рекол изворот.
Тој ја дели ќерката Виолет (19), како и ќерката Серафина Роуз (16) и синот Семјуел (12) со поранешната партнерка Џенифер Гарнер.
Иако Лопез поднесе барање за развод во август по само две години брак, парот во последно време често се гледа заедно. Во неделата тие повторно се собраа пред празниците во Сохо Хаус во Холивуд.
Во нивно друштво бил и синот на Лопез, Макс, кој го дели со поранешниот сопруг Марк Ентони, кој исто така бил на собирот.
Интересно е тоа што Лопез и Афлек одлучија да останат пријатели и покрај тоа што не се во романтична врска. Извор близок до поранешната двојка изјави дека тие сакаат да „останат поврзани“ за време на разводот.