Потребно е:
300 гр излупени компири
100 гр путер или маргарин
100 гр чоколадо за готвење
1 лажица какао во прав
160 гр шеќер во прав
300 гр мелени бисквити
5-6 лажици рум
За глазурата:
100 гр чоколадо за готвење
2 лажици масло
Подготовка:
Излупете ги компирите и исечете ги на парчиња со еднаква големина. Потоа истурете вода и варете околу 15 минути. Сварените компири процедете ги и направете пире, внимавајќи да нема грутчиња. Додадете ја растопената чоколада и сечканиот маргарин. Се топи и се меша какаото, шеќер, мелени бисквити и рум. Добро измешајте и истурете во плех обложен со хартија за печење. Потоа изладете. На пареа растопете го маслото со чоколадото. Со глазурата прелијте ја смесата. Потоа се лади на собна температура и потоа се става во фрижидер еден час. Исечете ги чоколадите на парчиња и послужете.