Ако купувањето намирници е стресно за вас, можеби треба да го испробате европскиот метод.
„Нормализирајте го купувањето како Европејците“, напиша еден корисник на TikTok.
„Мало дневно патување до продавница, специјализирани продавници за различни работи, купете што ви треба за тој ден, потрошете на висококвалитетни протеини и сирење, додадете свежи билки во едноставни јадења, изберете сезонски и свежи производи“, додаде тој.
Иако можеби ќе ви одземе малку повеќе време бидејќи треба да одите во продавница повеќе од еднаш неделно, на долг рок тоа може да ви помогне да заштедите пари и да го намалите отпадот.
Клучот за европскиот метод е да планирате пред да одите во шопинг, за да избегнете купување на непотребни состојки кои можат брзо да се расипат.
Важен дел од процесот е тоа што не купувате само во една продавница.
За да ги набавите производите потребни за одредени рецепти, можете да отидете во самопослуга, пазар, пекара, месарница, итн.
Ова секако е попогодно за луѓето кои живеат во градови каде што пешачењето е лесно.
Друг аспект на овој метод е да се ограничите на она што можете да го носите – особено ако пешачите. На пример, ако понесете торба, купете само она што можете да го соберете во таа торба.
Европскиот метод може да биде особено корисен за луѓето со помали кујни или оние кои готват за едно или две лица, како и за оние кои сакаат да заштедат пари, пишува NY Post.