Ако веќе некое време го носите истиот кармин и се прашувате зошто ги нема истите ефекти како некогаш, можеби е време да направите некои едноставни промени во вашата рутина.
Ова се грешките кои мора да ги избегнувате при нанесувањето на кармин:
Се шминкате на суви усни
Полирањето на усните со нежен пилинг ги отстранува сувите дамки, ја стимулира циркулацијата и ги прави вашите усни помазни и пополни.
Не ставате балсам за усни
По пилинг, задржувањето на влагата ќе ви помогне да ги одржите вашите усни меки. За интензивен третман, нанесете мелем со путер преку ноќ или намачкајте лесен слој од балсам за усни пред да нанесете кармин.
Не користите моливче за усни
Моливот за усни работи така што создава бариера помеѓу карминот и кожата, што помага да се спречи истекување на карминот во брчките околу устата, пишува Good Housekeeping.