Ријана во провиден градник и танга предизвика воодушевување кај фановите

popara9 јануари, 20251min00
b_250107151

Ријана позираше во провокативно издание за новата колекција на нејзиниот бренд Savage X Fenty, привлекувајќи го вниманието на бројните корисници на социјалните мрежи кои ја опсипуваа со комплименти.

Тоа е колекција за Денот на вљубените наречена Loveline. Таа носеше проѕирен градник, халтери и танга. Имаше и нови розови прамени на косата. Изгледот го комплетираше со смела шминка и штикли.

„Поклонете се. Пристигна кралицата на Денот на вљубените“, стои во описот. Следеа коментари од нејзините воодушевени обожаватели.

„Колку си убава“, „Жената гордо го покажува своето тело за она што навистина е. Таа не е роб на фотошопирањето“, „Каков почеток на годината“, „Најочекуваната колекција досега“, се некои од коментарите.

Како што е познато, оваа пејачка долго време е посветена на своите козметички и модни брендови, како и на семејството. Иако многумина се надеваат дека таа наскоро ќе се врати во светот на музиката, се чини дека тоа нема да се случи.

„Музиката беше она што ми го привлече вниманието, но Бог имаше други планови за мене“, рече таа на отворањето на продавницата Fenty Beauty во Барбадос.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag