
Се погласни се гласините дека Барак и Мишел Обама се разведуваат. Извори за американските медиуми откриваат детали за нивните брачни проблеми.
Таа не му се придружи на својот сопруг на погребот на Џими Картер одржан на 9-ти јануари. Дополнително, таа нема да присуствува на инаугурацијата на Трамп, за разлика од Барак, според Page Six.
Изворот изјавил дека таа била бесна на Барак откако тој бил снимен како има пријатен разговор со Доналд Трамп на погребот на Картер.
Друг извор вели дека Мишел долго време не живее во Вашингтон, поточно откако двајцата ја напуштија Белата куќа во јануари 2017 година.
„Нејзе ѝ е преку глава од „политичкиот циркус“ и уморна е цело време да се преправа дека е во добри односи со Барак. До каде ќе води тоа времето ќе покаже“, додаде тој.
Иако парот купи замок во Калорама, Вашингтон, во јуни 2017 година, Мишел поголемиот дел од своето време го поминува на островот Martha’s Vineyard во Масачусетс. Тие поседуваат имот таму вреден 11,5 милиони долари. Локалните жители велат дека таа најмногу ужива да биде тука без Барак.
Поради гласините за развод, Барак неодамна и го честиташе роденденот на социјалните мрежи. Многумина веруваат дека со овој потег се обидува да ги негира проблемите.
„Среќен роденден на љубовта на мојот живот. Ја исполнуваш секоја соба со топлина, мудрост, хумор и благодат, и изгледаш добро кога го правиш тоа. Многу сум среќен што можам да се впуштам во животните авантури со тебе. Те сакам “, напиша тој.
View this post on Instagram