Ова е НАЈЛЕСНИОТ трик за чистење на вашата микробранова печка

popara22 јануари, 20251min00
b_250121168

Секој од нас има место во својот дом каде што навистина мразиме да го чистиме и затоа го одложуваме чистењето што е можно подолго. Ако микробрановата е за вас, тогаш имаме решение како да ја исчистите многу едноставно, но ефективно.
Не секое домаќинство има микробранова печка, но оние што имаат велат дека тоа е неопходен кујнски алат. Корисна е за подгревање храна, топење чоколадо, пуканки и многу повеќе.

Тајниот, но докажан рецепт за чистење на микробранова печка во исто време е исклучително едноставен. Се што ви треба е дестилиран бел оцет и вода. Односот што ќе го користите зависи целосно од вас, но погрижете се да има повеќе вода отколку оцет во смесата. Колку повеќе оцет, толку поинтензивно ќе биде чистењето, но не претерувајте. Околу една чаша вода и неколку лажици оцет ќе ви помогнат во повеќето случаи. Истурете ја смесата во мал сад за микробранова печка.

Откако ќе ги измешате оцетот и водата во мало тенџере, ставете го во микробранова печка околу една минута. Во зависност од тоа колку е валкано, можеби ќе треба да го оставите подолго, но не го оставајте толку долго за да зоврие целата течност од садот.

Препорачуваме да ја вклучите микробрановата неколку пати по една минута за да бидете безбедни. Топлината од микробрановата печка ќе ја зоврие смесата од вода и оцет, а добиената пареа ќе ја „олабави“ нечистотијата.

Откако микробрановата ќе престане да работи, земете крпа или хартиена крпа и добро избришете ја внатрешноста. Тоа е се што треба да направите. Овој процес ќе потрае околу пет минути и вашата микробранова печка ќе светне.