
Меланија Трамп на инаугурацијата на нејзиниот сопруг Доналд Трамп се појави со капа која речиси целосно и ги покриваше очите, што предизвика различни реакции.
Имено, едни сметаат дека токму поради тоа не бил погоден за овој настан, а други наведуваат дека не гледаат ништо спорно.
„Очигледно и е непријатно и не гледа добро. Зошто воопшто ја носи оваа капа?“, „Овој моден додаток криеше половина од нејзиното лице. Ужасно“, „Изгледа отмено“, „Совршено океј моден избор“, се некои од коментарите на социјалните мрежи.
Како што е познато, Доналд Трамп во еден момент од инаугурацијата и пријде на Меланија за да ја бакне. Меѓутоа, нејзината капа го спречила во тоа.
Американскиот дизајнер Ерик Џавитс откри за WWD дека испратил капа од Мајами во Њујорк и дека таа пристигнала „смачкана“.
„Изгледаше како да била во снежна бура една недела. Штетата не можеше да се санира“, изјави тој. Направил нова капа, а стилистот Ерве Пјер лично и ја доставил на Меланија. Тој го направи ова за да спречи нови проблеми.