МИРИСА НА ДЕТСТВО: Рецепт за колач со јаболка кој се подготвува за час

popara7 февруари, 20251min00
113272_recept-za-kolac-sa-jabukama_f

Колачот со гриз и јаболка не потсетува на детството, бидејќи е вкусен и омилен кај децата. Лесно се прави и често беше присутен на нашите трпези додека растевме.

Состојки:

4 јајца
полна чаша гриз
чаша јогурт
50 мл масло
две јаболка
100 гр суво грозје
половина лажичка прашок за пециво
100 гр шеќер
малку цимет
ванилин шеќер

Подготовка:

Јајцата се матат со шеќер, се додава гризот со прашокот за пециво, маслото, ренданите јаболка, јогуртот, сувото грозје и циметот.

Сè полека измешајте, па истурете во намрсен плех и печете на 200 степени околу 40 минути.

Откако колачот е готов, посипете го со шеќер во прав.