ДОМАШНО КИСЕЛО МЛЕКО: Одличен природен пробиотик, а е кремасто и вкусно

popara8 февруари, 20251min00
105321_shutterstock-2263689531_f

Состојки:

1 литар полномасно млеко
1 чаша кисело млеко
по потреба вода за наливање на киселото млеко

Подготовка:

Ставете го млекото на тивок оган да стане млако, проверете со прст дали е топло. Во вангла истурете кисело млеко, додадете малку топло млеко и измешајте, па додадете го во топлото млеко и измешајте. Ставете чаши во длабока тава, истурете го киселото млеко во нив. Околу киселото млеко сипете топла вода. Киселото млеко ставете го преку ноќ во загреана рерна да се стегне. Наутро е подготвено за дегустација.