
Пеглањето често знае да биде заморно, особено кога се соочувате со куп згужвана облека. За среќа, постојат неколку трикови кои ќе ви помогнат брзо да ја средите без да користите пегла.
Со овие совети, вашата облека ќе изгледа уредно и како да е само испеглана:
1. Коцки мраз
Според експертот за перење, Мајк Немероф, коцките мраз имаат уште една практична употреба, освен за ладење пијалоци.
„Фрлете неколку коцки мраз заедно со вашата згужвана облека во машината за сушење и ставете ја на висока температура 15 минути“, советува Немероф. Пареата од мразот ќе помогне да се изедначат наборите.
2. Оцет
Оцетот е познат како одлично средство за чистење, но дали знаевте дека може да ги омекне и вашите алишта?
– За време на циклусот на плакнење, додадете половина до една чаша бел оцет – препорачува Немероф.
Ова не само што ќе ги омекне ткаенините, туку и ќе го спречи создавањето на згужвани алишта, а истовремено ќе биде безбедно за кожата.
3. Користете добри закачалки
Кажете им збогум на наборите на вашата облека така што ќе ги закачите правилно.
– Набавете квалитетни закачалки и закачете алишта веднаш по миењето – советува експертот.
Важно е секое парче облека добро да го протресете и исправите пред да го закачите. Гравитацијата ќе го направи остатокот од работата за вас.
4. Тркалање наместо виткање
Кога станува збор за складирање облека, тркалањето е подобра опција од традиционалното диплење. Со ролање на облеката, заштедувате простор и избегнувате губење време и непријатните линии што се појавуваат при превиткување.
Овие трикови можат да ви го олеснат одржувањето на вашата облека уредна и подготвена за носење без да користите пегла!