СУТЛИЈАШ: Феноменален домашен десерт кој буди носталгија

popara14 февруари, 20251min00
102138_sutlijas-shutterstock-62962489_f

Потребно е:

1 литар млеко
150 гр ориз
100 гр шеќер
1 кесичка ванилин шеќер
прстофат сол
кора од лимон
цимет

Подготовка:

Измијте го оризот. Во тенџере загрејте го млекото и кога ќе почне да врие додадете го оризот и малку сол. Потоа варете на тивок оган 30 до 40 минути, повремено мешајќи додека оризот не омекне. Потоа додадете го шеќерот, ванилиниот шеќер и кората од лимон и мешајте додека не се раствори. Тргнете го од оган, префрлете ја чорбата во чинии и оставете да се излади. Сутлијашот посипете го со цимет.