Три ПОЗИ кои брзо и лесно ја доведуваат жената до кулминација!

popara15 февруари, 20251min00
Screenshot_36

Сакате да доживеете неззаборавен оргазам? Еве кои пози ги одбраа секс експертите како топ три…

 

 

 

 

Сексот е игра за која се потребни двајца играчи. Токму поради тоа е многу важно, позата која сте ја одбрале да дава максимално задоволство за двајцата. Ако сакате да му дадете на партнерот незаборавен секс, а притоа да доживеете оргазам за паметење, испробајте ги овие три пози и уживајте во секој момент.

 

ПЕПЕРУТКА

 

Повеќето жени сакаат да бидат над партнерот, затоа што имаат чувство на контрола над играта, а моќта е секогаш голем афродизијак. Мажот лежи на грб, а жената седи над него така што го гледа во очи, а со свиткани нозе го опфаќа од двете страни на торзото. Жената се поигрува со движења во сите правци за кои се задолжени колковите. Во оваа поза, жената има целосна контрола па може сама да ја одредува брзината на движењата, што ќе и` помогне полесно да доживее оргазам.

 

ЛАЖИЦА

 

Оваа поза е популарна кај двата пола и е идеална за утрински секс. Мажот и жената лежат на страна, припиени еден до друг, а неговите раце се околу нејзиното тело. Станува збор за удобна позиција која овозможува нежни допири и страствени прегратки, затоа што не заборавајте дека кожата може да биде многу силна ерогена зона.

 

ПОЗА 69

 

Позата 69 се` уште не е „истрошена“ и повеќето мажи и жени потврдуваат дека може да овозможи неверојатно уживање за двата партнери, па е совршен вовед во понатамошниот сексуален заплет. Жената лежи преку мажот или обратно, а главите им се кај меѓуножјето на партнерот. Оваа поза овозможува примање и давање, а предност е тоа што рацете се слободни, па покрај оралното давање на задоволство, може да има и стимулација со прсти.