СКАНДАЛ НА КОНЦЕРТОТ НА ШАКИРА: Публиката упатува брутални навреди кон Пике, нејзината реакција ГО ШОКИРАШЕ светот! (ВИДЕО)

popara15 февруари, 20251min00
Screenshot_37

Шакира се врати на сцената со стил, зрачејќи со енергија и испраќајќи моќна порака започнувајќи ја својата долгоочекувана светска турнеја Las Mujeres Ya No Lloran на стадионот Нилтон Сантос во Рио де Жанеиро.

 

 

 

Пејачката ја плени публиката со емотивен настап исполнет со носталгија и музички сјај, комбинирајќи ги нејзините најголеми хитови со песните од нејзиниот последен албум. Сепак, таа не ја пропушти приликата да го критикува бившиот сопруг кој ја изневери.

 

Еден момент од концертот стана вирален, кога фановите почнаа да скандираат против Пике и да му упатуваат навреди. Освен однесувањето на публиката, светот не престанува да коментира за реакцијата на пеајчката.

 

Шакира на скандирањето одговори со свесна насмевка и гест да го зголеми пеењето (таа свесно се насмевна, а потоа гестикулираше „повеќе“ со рацете), дополнително подигнувајќи ја енергијата на публиката.

 

Трогателна посвета на децата и спектакуларен крај

Концертот беше проткаен со симболика. За време на песната „Akróstico“ на големото платно беа прикажани емотивни слики од нејзините синови, Милан и Саша, кои длабоко ја трогнаа публиката.

 

За големото финале таа ја изведе „Шакира: Bzrp Music Sessions, Vol. 53“, химната која ја врати на врвот на светските топ листи, предизвикувајќи громогласен аплауз.

 

Музиката лечи“, рече таа на крајот.

 

„Да сакаш некој друг е убаво, но да се сакаш себеси е уште поубаво“.

 

 

Watch on TikTok