Адвокатите на раперот во тужбата – поднесена во Њујорк – велат дека документарецот сугерира дека нивниот клиент „извршил бројни грозоморни злосторства, вклучувајќи сериски убиства, силување малолетници и трговија со малолетници за сексуална експлоатација, па се обидуваат примитивно да го психологизираат“.
Шон „Диди“ Комбс, попознат како Паф Диди или Пи Диди, поднесе тужба за клевета од 100 милиони долари против Ен-би-си јунивержал и продукциската компанија „Ејмпл“ поради наводните лаги емитувани во нивниот документарен филм „Diddy: The Making of a Bad Boy“.
https://x.com/wayupwithyee/status/1889789512504463657?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1889789512504463657%7Ctwgr%5Eaeb6cc8b1da08577792d4aa40d1398669e3eadc5%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fplusinfo.mk%2Fpi-didi-dozhiveal-nerven-slom-vo-zatvorot-raperot-podnese-tuzhba-bara-100-milioni-dolari-otshteta%2F
Адвокатите на раперот во тужбата – поднесена во Њујорк – велат дека документарецот сугерира дека нивниот клиент „извршил бројни грозоморни злосторства, вклучувајќи сериски убиства, силување малолетници и трговија со малолетници за сексуална експлоатација, па се обидуваат примитивно да го психологизираат“.
„Злонамерно и неосновано доаѓа до заклучок дека г-дин Комбс е „чудовиште“ и „олицетворение на Луцифер“, со „многу сличности со Џефри Епштајн“, се наведува понатаму во тужбата.
Во документите се анализира секоја од наводните невистини што се емитуваа на „Ен-би-си“ и „Пикок“ во јануари, вклучувајќи ја и инсинуацијата дека Комбс придонел за смртта на Ким Портер во 2018 година. Двајцата беа во постојана врска од 1994 до 2007 година и заедно добија три деца.
https://x.com/TheeBlaackLamb/status/1889864529347223901?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1889864529347223901%7Ctwgr%5Eaeb6cc8b1da08577792d4aa40d1398669e3eadc5%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fplusinfo.mk%2Fpi-didi-dozhiveal-nerven-slom-vo-zatvorot-raperot-podnese-tuzhba-bara-100-milioni-dolari-otshteta%2F
Во документарецот, поранешниот партнер на Ким Портер, Ал Б. Шур! (вистинско име Алберт Џозеф Браун III) ја довел во прашање причината за смртта на починатата манекенка Ким, која се припишува на лобарна пневмонија. Тој исто така тврдел дека таа „исчезнала затоа што требало да стане новата Кеси Вентура“, инаку поранешна девојка на Диди.
Да потсетиме дека Вентура, кој беше во врска со Комбс од 2007 до 2018 година, го тужеше за силување во ноември 2023 година, а поранешните партнери постигнаа спогодба во рок од 24 часа. Експлозивните наводи на Кеси за семејно насилство се потврдени со шокантни снимки од хотелски надзор, што ги натера да се јават и други наводни жртви.
Меѓутоа, адвокатите на Комбс во тужбата тврдат дека документарецот го обвинил Диди за „убиство на љубовта на својот живот и мајката на неговите деца“, и покрај тоа што Канцеларијата на судски вештак во округот Лос Анџелес утврдила дека таа починала од природна смрт и дека никогаш немало докази за криминални активности.
„Ен-би-си“, сепак, ги претстави наодите на судскиот совет во документарецот и изјави дека полициската управа во Лос Анџелес заклучила дека „нема криминална вмешаност во смртта на Ким Портер“.