Моника Белучи мамеше погледи во Дубаи: Фустан од тантела и длабоко деколте

popara15 февруари, 20254min00
b_250215019

Италијанската актерка Моника Белучи повторно го привлече вниманието појавувајќи се на настан на брендот Картие во Дубаи.

За овој престижен настан Моника избра црн фустан од најновата колекција на Баленсијага, кој е совршен спој на софистицирана елеганција и заводлива сензуалност. Фустанот од тантела ја следеше линијата на нејзиното тело, а одоздола се гледа нејзината долна облека, создавајќи заводлив, но софистициран изглед.

Целокупниот изглед го комплетираше со едноставна шминка и пуштена коса, дополнително истакнувајќи ја нејзината природна убавина и шарм.

За да го заокружи својот совршен стајлинг, Моника избра ѓердан од Картие, кој го комплетираше нејзиниот изглед. Моника Белучи овој пат не само што шармираше со својот изглед, туку реши да направи храбар чекор и да ја смени бојата на косата.

Таа со години беше позната по темната коса, но овој пат реши да го освежи изгледот и да се одлучи за топла нијанса на лешник.

Инаку, на настанот беше придружувана од нејзиниот партнер Тим Бартон, а парот спремно им позираше на насобраните фотографи. За потсетување, славниот пар новоста дека се во врска со месеци ја чуваше во тајност, но Моника ја потврди нивната љубов во јуни 2023 година.