Потребно е:
500 гр њоки
200 мл крем за готвење
100 гр сланина
лажичка лук во прав
100 гр сирење
сол, бибер
зачини по желба
Подготовка:
Сварете ги њоките во тенџере со солена вода. Кога ќе зовријат, тргнете ги од шпоретот. Оставете ги њоките во водата уште 10 минути и потоа исцедете ги. Во загреана тава пропржете ја ситно сечканата сланина, лукот, солта, биберот и зачините по вкус и измешајте. Истурете го кремот за готвење и 50 гр рендано сирење, па мешајте додека да се растопи кашкавалот. Во сосот додадете ги сварените њоки и сè убаво измешајте. Добар апетит!