Новата серија на Нетфликс базирана на вистинска приказна ги шокираше гледачите

popara15 февруари, 20251min00
1739443922-Screenshot-2025-02-13-at-11-51-49-Apple-Cider-Vinegar-Official-Trailer-Netflix-YouTube-1024x649

Помалку од една недела по својата премиера, true crime серијата „Apple Cider Vinegar“ на Нетфликс веќе предизвика бура од реакции кај гледачите ширум светот – и тоа со добра причина. За оние кои сè уште не ги погледнале сите шест епизоди, серијата е инспирирана од неверојатната, но вистинита приказна за австралиската инфлуенсерка Бел Гибсон, чиј скандал го потресе интернетот.

Во текот на 2010-тите, Бел Гибсон изгради имиџ како една од најпознатите инфлуенсери за животен стил во светот. Нејзините следбеници и поверувале затоа што отворено зборувала за својата борба со терминален рак на мозокот – дијагноза за која лекарите, таа тврдела, ѝ дале само четири месеци живот.

Додека ги инспирираше луѓето со приказни за „моќта на умот“ и здравиот живот, таа ја промовираше и нејзината апликација The Whole Pantry, продавајќи рецепти без глутен и млечни производи, како и водичи за холистички начин на живот. Меѓутоа, она што нејзините верни следбеници не го знаеле е дека Бел Гибсон никогаш не била болна. Сето тоа беше измама, дизајнирана да го изгради своето име и да заработи пари на сметка на наивни луѓе кои очајно бараа спас.

Нетфликс ја адаптираше оваа неверојатна приказна во серија, која ја опишуваат како „вистинска приказна заснована на лага“. Американската актерка Кејтлин Девер ја игра Бел Гибсон, додека Алиша Дебнам-Кери ја игра измислената верзија на покојната уредничка на списанието за тинејџери Џесика Ајнскоуг, која почина во 2015 година од ретка форма на рак откако одбила медицински третман – наводно под влијание на Бел Гибсон.

Покрај нив, во серијата глуми и Ајша Ди како Шанел, асистентка на Гибсон и пријателка на починато девојче, како и Тилда Кобам-Херви, која глуми друга пациентка измамена од нејзините лаги.

Серијата предизвика бурни реакции кај гледачите. Еден корисник на X напиша:

„Не бев сигурен дали ќе можам да ја гледам Apple Cider Vinegar, но серијата е брилијантно направена. Неверојатно е што Бел Гибсон ја измислила дијагнозата на глиобластом за внимание и профит. Морничаво.“

Друг гледач коментираше:

„Само што завршив со гледање… Неверојатно перверзна личност, но шоуто е навистина добро“.

Трет додава:

„Серијата е фантастична, но во исто време неверојатно фрустрирачка.“

Многумина нагласија дека вистинската приказна е уште пострашна од она што е прикажано.

„Вреди да се погледне. Уште пострашно е кога ќе сфатите дека вистинската приказна за Бел Гибсон е всушност многу полоша“.

Дали Бел Гибсон заврши во затвор?

Иако Бел Гибсон беше под истрага и никогаш не беа пронајдени докази дека има рак на мозокот, судот ја казни со парична казна од 410.000 долари. Меѓутоа, таа никогаш не била осудена на затвор. Останува нејасно дали таа некогаш ја платила казната во целост.