Доколку сте љубители на едноставни маникир кои се погодни за секојдневни и специјални прилики, тогаш ноктите cream soda се вистинскиот избор за вас. Овој нов тренд на нокти полека, но сигурно ги зазема социјалните мрежи.
Станува збор за нокти инспирирани од популарните press-on нокти на BTArtbox, кои се комбинација од хромиран ефект и нежен сјаен изглед на глазирани нокти. Овој маникир има нокти во нежна кремасто-беж нијанса со висок сјај што дава софистициран и минималистички впечаток.
Овој елегантен изглед брзо собра армија фанови, бидејќи одговара на сите стилови и прилики. Без разлика дали сте љубител на лежерни модни комбинации или претпочитате пософистициран стил, ноктите cream soda ќе го надополнат вашиот изглед и ќе му дадат доза на суптилен луксуз.
Исто така, една од главните предности на овој тренд е тоа што е многу приспособлив – можете да го постигнете со помош на press-on нокти или да го копирате во вашиот омилен салон со соодветни нијанси на лак и сјајна завршница.
Доколку сакате сами да го испробате овој тренд, еве неколку чекори за совршен маникир како крем сода:
1. Обликувајте ги ноктите – идеална форма за овој изглед се кратките, квадратни нокти, но овој ефект можете да го постигнете и на долгите нокти во облик на бадем.
2. Изберете ја вистинската нијанса – користете кремасто беж или млечно бели нијанси на лак за нокти.
3. Додадете сјаен финиш – користете сјаен горен слој за да го добиете тој препознатлив стаклен сјај.
4. За екстра луксузен ефект, можете да додадете суптилен хромиран слој или минимален цртеж на ноктите.