Овој природен напиток е идеален за здравјето на цревата

popara16 февруари, 20251min00
Screenshot_2

Многу луѓе посегнуваат по скапи здравствени пијалоци за да го подобрат здравјето на цревата и да ја намалат надуеноста.

 

 

 

 

Сепак, лекарот од Националната здравствена служба (NHS), д-р Каран Раџан, тврди дека истиот ефект можеме да го постигнеме и со домашно решение.

 

Во видеото на „TikTok“, тој сподели едноставен рецепт за природен „велнес пијалок“ кој не само што е поевтин, туку содржи клучни состојки кои го поддржуваат дигестивното здравје.

 

Според него, овој пијалок „може да го подобри балансот на цревната флора, да го намали воспалението и да ги олесни дигестивните проблеми“.

 

Главните состојки се агрумите, како што се лимоните или портокалите, кои содржат пектин – растворливи влакна што делуваат како пребиотик и ги храни цревните бактерии. Покрај тоа, тие се богати со флавоноиди, кои го намалуваат воспалението и витамин Ц, кој е неопходен за одржување на здрава цревна слузница.

 

Следната состојка е ѓумбирот, кој содржи гинџероли – соединенија кои му помагаат на желудникот да се испразни побрзо.

 

Д-р Рајан истакнува дека ѓумбирот има силни антиоксидантни и антиинфламаторни својства и може да ги ублажи мачнините, артритисот и болката. Исто така го подобрува варењето, а со тоа го намалува ризикот од надуеност.

 

„За да го подобрите ефектот, додадете црн пипер и куркума. Овие зачини делуваат синергистички – пиперинската соединение во црниот пипер ја зголемува апсорпцијата на куркуминот од куркумата“, советува докторот.

 

Клучната состојка е маслиновото масло, кое, според д-р Рајан, помага за подобра апсорпција на активните соединенија бидејќи се растворливи во масти. Покрај тоа, маслиновото масло е богато со полифеноли кои делуваат како пребиотик. За подобар вкус докторот додава малку мед кој ја намалува киселоста на напитокот и листовите нане кои ги смируваат дигестивните нарушувања.

 

Сите состојки – лимон или портокал, ѓумбир, црн пипер, куркума, маслиново масло, мед и нане – се ставаат во блендер, се додава вода по желба и се блендира додека не се добие мазна смеса.

 

Добиениот пијалок не само што е лесен за подготовка, туку обезбедува и бројни придобивки за варењето и целокупното здравје, што го прави одличен додаток во вашата дневна рутина.