Џеј Зи ослободен од обвинението за силување на 13-годишно девојче

popara16 февруари, 20251min00
Screenshot_11

Обвинувањата против Џеј Зи дека силувал 13-годишно девојче во 2000 година заедно со уапсениот рапер Шон Диди Комбс се отфрлени.

 

 

 

 

„Ова е победа. Измислената приказна беше смешна. Не би сакал некој да помине низ ова искуство“ изјави Џеј Зи.

 

Тој ги спомна и последиците што овој случај ги има врз неговото семејство, неговата сопруга Бијонсе и нивните деца.

 

„Траумата низ која поминавме мојата сопруга, децата, најблиските и јас никогаш не може да се игнорира или заборави“, рече тој.

 

„Судот мора да ги заштити жртвите, се разбира, но со истата етичка одговорност, судовите мора да ги заштитат оние невини луѓе кои се обвинети без ниту еден доказ. Нека надвладее вистината за сите жртви, но и за оние кои се лажно обвинети“, заклучи Џеј Зи.

 

За потсетување, во тужбата поднесена во декември 2024 година, анонимна тужителка изјави дека Џеј Зи и Диди ја силувале откако возачот ја однел на забавата по доделувањето на музичките нагаради на Ем-ти-ви. Тужбата ја поднесе Тони Базби, адвокат од Тексас, кој одби да ги коментира наводите. Џеј Зи тогаш ги нарече обвинувањата „идиотски“ и го обвини адвокатот за непрофесионално однесување.

 

Девојката тврдела дека наводно ѝ понудиле пијалок по што се чувствувала „поспана, лесна и требала да легне“ и отишла во својата соба да се одмори. Набргу потоа, во тужбата се тврди дека Комбс и Џеј Зи влегле во собата, а Комбс рекол: „Спремни сте за забава“. Потоа, според неа, Џеј Зи се соблекол, ја држел и ја силувал додека Комбс и позната жена гледале. Таа тврди дека Комбс исто така ја силувал додека Џеј Зи и жената гледале.

 

„Овие наводи се толку грозоморни што ве замолувам да поднесете кривична пријава, а не граѓанска. Кој би направил вакво кривично дело против малолетно лице нека биде затворен, не се согласувате? – изјави Џеј Зи. „Овие наводни жртви заслужуваат вистинска правда, ако е така“, додаде тој. Базби поднесе неколку тужби против Диди за силување и напад во последните месеци. Ова беше прва тужба во која се споменува друго име.