Чипсот од кромид е една од поздравите алтернативи за грицки, а благодарение на комбинацијата со сирење е исклучително богат со протеини и нискокалоричен.
Со само неколку состојки, можете да ја подготвите оваа здрава замена за обичниот чипс.
Потребните состојки се: еден кромид, една шолја сирење, едно јајце, сол и бибер, половина лажица суво оригано и маслиново масло.
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 степени, а потоа обложете тава со хартија за печење. Излупете го кромидот и исечете го на прстени. Во друг сад измешајте ги сирењето, јајцето, солта и ориганото додека не добиете еднолична смеса.
Тавата за печење прелијте ја со маслиново масло. На листот ставете околу една и пол лажица од смесата со сирење и со лажица обликувајте кругови со големина на прстени од кромид. На секој круг од смесата ставете по еден прстен од кромид и лесно притиснете го.
Зачинете го горниот дел на кромидот со сол и бибер. Печете во рерна 24 до 28 минути додека рабовите не станат златно кафеави и крцкави.