Подобро од вратоврски? Мажите на Санремо можеби најавија нов моден тренд

popara18 февруари, 20251min00
63020045-muska-moda-na-sanremu

Овогодинешниот Санремо уште еднаш докажа дека е вистински музички спектакл. Помеѓу бројните хитови и внимателно дизајнирана облека, машките изведувачи привлекоа посебно внимание, бидејќи нивниот моден избор сигнализираше враќање на полежерен стил.

Победникот на Санремо Оли, кој го освои првото место со песната Balorda Nostalgia, настапи со раскопчана кошула, а на социјалните мрежи почнаа да се појавуваат само позитивни коментари. Многу жени мислат дека овој лежерен стил е пожелен кај мажите и дека е многу подобар од строга вратоврска или свечена машна.

@sanremorai

Finale 🎤 Olly con “Balorda nostalgia” a #Sanremo2025  @Olly   #davedere 

♬ suono originale – SanremoRai

Освен Оли, истиот стил го избраа и други музичари, како Тони Ефе, Ирама и Ркоми. Нивната модна изјава одлично ја комбинира класичната елеганција со ноншалантност, па не е изненадување што многумина забележаа дека 75-тото издание на Санремо го одбележа овој симпатичен моден тренд, барем кога зборуваме за машката мода.

И не само тие, победникот на 71-вото издание на Санремо, Дамијано Дејвид е познат и по тоа што сака да носи раскопчани кошули. Сепак, тој неодамна го промени стилот, па го гледаме во нешто построги изданија.

Раскопчаната кошула не е новитет во модниот свет, но нејзиното враќање на големата сцена, а и на фестивал како Санремо, покажува како класичните стилови секогаш се враќаат во ново руво.

Затоа, останува да видиме дали класичните костуми, вратоврски и машнички ќе го заменат овој полежерен начин на облекување и дали ќе го прифатат само помладите генерации или ќе им се допадне и на господата кои се навикнати се да биде под конец.

Muška moda na Sanremu