
Грашокот е мешункаст зеленчук со многу сладок вкус и одличен извор на протеини. Замрзнатиот грашок брзо се готви, па затоа е многу лесен за подготовка. Но често ја губи текстурата и светло зелената боја при подготовката.
Причината лежи во несоодветната подготовка. Замрзнатиот грашок не треба да се готви, туку веднаш по вадењето од замрзнувачот треба да се стави во зовриена вода.
Ова „правило“ важи и за другиот замрзнат зеленчук. Ова се упатствата:
– Не дозволувајте зеленчукот да зоврие.
– Во грашокот или пченката додадете малку шеќер за зеленчукот да биде уште посладок.
– Не додавајте сол пред сервирање бидејќи тоа може да го дехидрира зеленчукот.
Совети за најдобар грашок:
– Во тенџерето прво испразнете една кесичка замрзнат грашок.
– Додадете шест лажици путер, лукот и малку шеќер.
– Се динста на средна температура додека не се растопи путерот и се свари грашокот.
– Садот зачинете го со сол и бибер и послужете.