
Нутриционистот Алекс Јанез, кој стекна популарност на социјалните мрежи споделувајќи ги своите едноставни совети за здравје, со своите следбеници сподели кои два зачини ги користи секојдневно.
Како што пренесува express.co.uk, се започнува со шолја чај. „Секогаш препорачувам зелен чај со цимет пред, за време или после оброк со јаглени хидрати. Чајот ја блокира апсорпцијата на одредени јаглехидрати“, вели Јанез.
Тој додава дека циметот „ќе ги регулира неколкуте јаглехидрати што ги консумирате со тоа што ќе го намали неговото гликемиско оптоварување“.
Ако сте јаделе масен оброк, тогаш вклучете ѓумбир, советува тој. Како што објасни тој, ѓумбирот има способност да помогне во контролата на телесната температура, да спречи гадење и да се бори против воспалението.
Интересно е што и зелениот чај и циметот се научно признати како корисни за слабеење, иако треба да се нагласи дека најефикасни се кај луѓето кои се хранат здраво и редовно вежбаат.
Покрај тоа, циметот е погоден и за дијабетичари бидејќи помага во регулирањето на шеќерот во крвта и чувствителноста на инсулин. Покрај тоа, циметот е богат и со железо, што би можело да го зајакне имунолошкиот систем во борбата против респираторните заболувања.
Но, Јанез нагласува дека не секој цимет има еднакви здравствени придобивки. „Оној што има повеќе црвеникава боја, цејлонскиот цимет, има повеќе придобивки.“