
На социјалните мрежи се споделува видео од Џастин Бибер како се расправа со папарацо кој без дозвола го фотографирал.
Имено, по појадокот во Беверли Глен Дели со сопругата Хејли, Џастин се упатил кон паркингот каде што бил фотографиран од новинар. Прво го игнорирал, но ситуацијата се променила откако новинарот му се заблагодарил.
“Зошто ми се заблагодаруваш? Не ми се заблагодарувај. Тоа е непочитување бидејќи не те прашав да бидеш тука. Дали разбираш што зборувам? Само сликај и пушти ме да си одам по мојот пат. Не сакам да ми се заблагодариш, тоа е непочитување”, рекол Џастин Бибер.
Новинарот се обиде да се оправда за фотографиите, велејќи му дека е благодарен за се што Џастин направил досега, но Џастин повтори да не му се заблагодарува и луто си замина.
Can paparazzi just leave Justin Bieber alone and let him go about his days without cameras all up in his face 24/7. I’d be rude to them to shit ! https://t.co/TUrujHnwxF
— Celeste 🫡 (@5theftgrand) February 23, 2025
Инаку, Џастин Бибер имаше неколку слични ситуации со новинарите пред речиси 10 години. На пример, во 2012 година, додека бил во врска со Селена Гомез, тој наводно го удрил камерманот кој ги следел. Исто така, во 2013 година се степал со новинар пред болница во Канада.
Бибер во последно време се повеќе ја загрижува јавноста со својот изглед и однесување, а Хејли наводно е загрижена и за неговата психичка состојба. Извор близок до парот наведува дека моментално минуваат низ тежок период, и дека Хејли дава се од себе за да биде покрај Џастин.