
Во едно неодамнешно интервју, по повод претстојното прикажување на филмот „Holland“, во кој главната улога ја толкува Никол Кидман, актерката откри дека иако ужива во многу комплименти, има еден со кој воопшто не и е удобно.
По повод претстојната премиера на филмот „Holland“, Кидман даде интервју за магазинот Time во кое освен нејзиниот нов проект, откри и нешто многу лично. Имено, 57-годишната актерка призна дека има еден комплимент кој не сака да го слуша, од луѓето и медиумите, а тоа е „супержена“.
“Како и секој друг човек, јас се уморувам, и секогаш сакам да им угодувам на луѓето околу мене, понекогаш премногу. Кога слушам како луѓето ме нарекуваат супержена, храбра или силна, чувствувам дека тоа го намалува целиот труд и енергија што ја вложувам”, рекла Кидман.
Таа во разговорот се осврна и на нејзиниот приватен живот, поточно постпородилните искуства. Таа откри колку се исплашила по првото раѓање кога дознала дека нема да може да го дои своето дете.
„Тоа беше голема грижа за мене, како и за многу жени кои поминуваат низ тоа“, искрено сподели австралиската актерка која заедно со нејзиниот сопруг Кит Урбан, успешен кантри пејач, има две ќерки – Сандеј Роуз и Фејт Маргарет, кои се родени од сурогат мајка.
Исто така, нејзината улога во филмот „Babygirl“ предизвика голем интерес. Актерката и претходно зборуваше за предизвиците за време на снимањето, откривајќи дека морале да прекинат со снимањето поради напорните еротски сцени. Претходно во интервју за The Sun таа призна дека сцените со Харисон Дикинсон и Антонио Бандерас, кој го игра нејзиниот сопруг, понекогаш биле многу заморни.
„Имаше огромно споделување и доверба, но и фрустрација. Се обидувавме да избегнеме непотребен контакт. Во некои моменти за време на снимањето мислев дека не сакам повторно да ги доживеам тие сцени. „Не ми се приближувај. Мразам да го правам ова. Не сакам веќе никој да ме допира. Доста ми е“, си помислив. Тоа чувство траеше цело време.“