БЕЛИ КОЦКИ: Десерт со кекс кој ги буди сите сетила

popara3 март, 20251min00
115471_bele-kocke-d_f

Ви треба:

300 гр мелени бисквити
300 гр мелени ореви
200 гр путер
100 гр бело млечно чоколадо
200 гр шеќер
100 гр суви кајсии
150 ml вода
50 мл рум

За глазура:

150 гр бело чоколадо за готвење
1 лажица масло

Подготовка:

Во тенџере ставете вода, рум и шеќер и штом зоврие тргнете го од шпоретот. Додадете јаткасти плодови, бисквити, шеќер, сечканите суви кајсии и измешајте. Потоа додадете растопен путер и чоколадо (одделно растопете ги). Добро измешајте. На плех ставете хартија за печење и истурете ја смесата, а дебелината одредете ја по желба. Израмнете го врвот со нож. За глазурата растопете ги чоколадото и маслото и премачкајте ги преку колачот. Оставете да се стегне, а потоа исечете ги на коцки.