Експерт откри начин како да јадете обичен леб, а да не се дебелеете

popara3 март, 20251min00
1732192648-pexels-towfiqu-barbhuiya-3440682-14534517-750x500

Скоро сите го сакаат лебот, но кога станува збор за слабеење, една од првите работи кои најверојатно ќе ја намалите е внесот на леб. Но, не мора да биде така – како и секоја храна, лебот е наменет да се ужива.

Ако сте загрижени за внесување на вишок калории од лебот, експертите открија трик кој ќе ви помогне да ги претворите едноставните јаглени хидрати во лебот во оние кои се поздрави, „поотпорни“.

Не треба да се грижите ако јадете кришка или две леб дневно, но ако не можете да се откажете од него, можеби ќе ви биде полесно ако примените трик кој наводно го преполовува бројот на калории што ги внесувате од лебот.

Кога купувате или печете леб, ставете го во замрзнувач. Зошто? Бидејќи, исто како и готвењето и ладењето, замрзнувањето го претвора скробот во отпорен скроб. Звучи неверојатно, но тоа значи дека вашето тело апсорбира многу помалку калории од лебот. Всушност, отпорниот скроб ги храни вашите цревни бактерии наместо да ве дебелее.

За повеќето луѓе, тоа е добра вест, бидејќи поголемиот дел од отпорен скроб значи дека телото побавно го вари еднаш замрзнатиот леб, што предизвикува поблаг пораст на шеќерот во крвта во споредба со свежиот леб – и потенцијално го намалува ризикот од дијабетес тип 2.

„Отпорниот скроб значи дека вашето тело апсорбира помалку калории, додека оние што остануваат се достапни за вашиот микробиом (цревни бактерии), давајќи им на „добрите“ бактерии со нешто да се хранат и да се размножуваат“, објаснува диететичарот др. Мајкл Мозли.

Најголемиот проблем со белиот леб е тоа што, поради високиот гликемиски индекс, премногу брзо ја ослободува енергијата, зголемувајќи го нивото на шеќер во крвта. Сепак, оние кои немаат семејна историја на дијабетес, не треба да избегнуваат бел леб, кој е идеален за појадок бидејќи го забрзува метаболизмот, велат научниците, пренесува City Magazine.

Дополнително, замрзнувањето е најдобриот начин за продолжување на рокот на траење на лебот.