
Норвешка е дестинација која со години го привлекува вниманието на многу туристи, а март е идеално време за посета на оваа земја од повеќе причини.
Имено, во текот на март, Норвешка нуди посебно зимско искуство, но и подолги денови како што наближува пролетта. За љубителите на снег, зима и активности на отворено, ова е идеално време за посета на оваа земја.
Можноста за уживање во скијање, санкање и гледање на поларната светлина ја прави Норвешка особено привлечна за туристите.
Аурора Бореалис или поларната светлина е природен феномен особено присутен во Норвешка, а идеално време за набљудување на овие светла е од септември до март.
View this post on Instagram
Норвешка има повеќе од 50.000 острови, фјордови, планини и глечери, а нејзината природна убавина придонесува голем број туристи да се вратат и да ја посетуваат одново и одново од година во година.
Покрај тоа, Осло, Берген и Тромсо нудат многу културни атракции кои вреди да се посетат, како што се музеи, галерии и бројни настани.
Доколку сте љубители на природата и сакате да уживате во посебна зимска идила и да посетите градови богати со историја и традиција, Норвешка е идеален избор за тоа.