
Потребно е:
300 гр ориз од цело зрно
300 гр печурки
кари
оригано
ѓумбир
суви моркови
пашканат
лук
кромид
маслиново масло
Подготовка:
На маслиново масло пропржете ситно сечкан кромид и лук и додадете го малку сварениот ориз, сечканите печурки, сувите моркови и ситно сечканиот пашканат. Потоа зачинете со кари и ѓумбир. Истурете само малку вода и добро измешајте. Потоа тргнете го рижото од шпорет, послужете и посипете со оригано.