
Ѓумбирот е еден од најупотребуваните и најомилените зачини во светот, а богат е и со својства за зајакнување на имунитетот и за зајакнување на плодноста. Со векови се користи за кулинарски и медицински цели, а се класифицира како билка и зачин.
– Овој напиток го алкализира организмот, делува противвоспалително, влијае на циркулацијата на крвта во матката, го подобрува варењето и го штити организмот од инфекции. Се подготвува многу едноставно, а можете да го пиете два пати на ден, пред овулација и за време на овулацијата, а по желба и почесто – вели Марија Стајиќ, нутриционист.
Рецепт
Измешајте неколку излупени корени од ѓумбир со сок од еден лимон, потоа додадете грст свежо нане, додадете 1,5 шолја вода, изблендирајте и процедете ја со газа.
Истурете го сокот во стаклен сад и чувајте го во фрижидер. Пред консумирање, разредете една лажица сок со 100 ml вода.

Се смета дека ѓумбирот во форма на свеж или сушен корен (Zingiber officinale) помага во зголемување на плодноста, а неколку студии даваат докази за тоа. Не само што има антиинфламаторно дејство, туку игра и улога во чистење, ублажување на болката и подобрување на циркулацијата во репродуктивните органи.
Лековити својства на ѓумбир
Ѓумбирот е преполн со биоактивни соединенија кои имаат бројни здравствени придобивки. Содржи многу важни хранливи материи, вклучувајќи: витамини Ц, Б5 и Б6, како и добра количина на минерали калиум, манган, бакар и магнезиум. Клучното соединение кое се наоѓа во ѓумбирот е џинџеролот, кој е одговорен за повеќето од неговите лековити својства.