ПОСНИ ПАЛАЧИНКИ: Меки и воздушести, само додајте им фил по желба

popara7 март, 20251min00
116021_shutterstock-2123235338_f

Потребно е:

250 гр брашно
500 ml минерална вода
2 лажици масло
лажица шеќер
прстофат сол
Масло за пржење

Подготовка:

Во сад измешајте ги брашното, шеќерот и прстофат сол. Полека сипете ја минералната вода со постојано мешање. Потоа истурете 2 лажици масло и убаво измешајте. Загрејте ја тавата на средна температура и премачкајте ја со тенок слој масло. Една лажичка од смесата распоредете ја рамномерно по тавата. Гответе ги палачинките додека рабовите не поруменат, а потоа превртете ги и варете уште неколку секунди од другата страна. Повторете ја постапката додека не го потрошите целиот материјал.