
Ентони Хопкинс го заврши пишувањето на своите мемоари, а познато е дека тие официјално ќе бидат објавени на 4 ноември годинава, во аудио и печатени верзии на книгата.
Ова дело, двојниот оскаровец Хопкинс го нарече „We Did OK, Kid“.
„Ми се допаѓа и мислам дека ќе ви се допадне и вам. Прочитајте го“, порачал Хопкинс во видеото и ја покажал корицата на книгата.
View this post on Instagram
Книгата ќе ги опфати филмската и театарската кариера на Хопкинс, тешкото детство и закрепнувањето од зависноста од алкохол, а издавачката куќа Summit Books ги опиша мемоарите како искрени и потресни.
Во книгата ќе има и посебни приватни фотографии како и непознати детали од кариерата на актерот, која трае повеќе од 60 години.