ВКУСНИ ЛОВЕЧКИ ШНИЦЛИ: Рецепт без мана, месото се распаѓа во уста

popara16 март, 20251min00
116890_lovacke-snicle-326416925_f

Ви треба:

1 кг свински шницли
200 гр брашно
100 мл масло
1 кромид
3 чешниња лук
1 лажица мелена слатка пиперка
1 коцка супа (говедско)
500 мл вода

Подготовка:

Посолете ги шницлите по вкус, а потоа извалкајте ги во брашно и пржете ги од двете страни до златно кафеава боја. Извадете на хартиена крпа. Во истото тавче пропржете сечкан кромид и лук. Растворете ја коцката за супа во топла вода и додадете ја во тавата. Додадете ја мелената пиперка и една лажица брашно и измешајте да нема грутчиња. Вратете ги шницлите во тенџерето и оставете ги да се динстаат еден час.