
Шеесет и шестгодишната пејачката Мадона повторно предизвика бура од коментари на социјалните мрежи со најновите фотографии на Инстаграм, на кои се појавува во провокативна долна облека. Иако таа сè уште зрачи со самодоверба, сепак, голем дел од јавноста не се согласува дека ваквите фотосесии и прилегаат на годините.
На фотографиите Мадона седи на работ од када во црна свилена наметка, со големи папилоти во косата, носи црн корсет од тантела и црна долна облека. Корсетот е речиси проѕирен, а позите на кои е со раширени нозе беа главна тема на социјалните мрежи.
„Очигледно е желна за внимание“, „Ова воопшто не е секси“, „Што се обидува да направи“, „Во таа долна облека можеби „возбудила“ некого доколку би била многу помлада“, „Се покајав што го видов ова, ќе имам кошмари“, „Момци, таа е музичка икона, таа може да го направи ова“, се само дел од реакциите под објавата.
„Чекањето е најтешкиот дел“, напиша таа во описот на фотографиите, оставајќи ги фановите да шпекулираат за можен нов музички проект.