КРЕМАСТА ФУНГИ ПАСТА: Посно јадење од италијанската кујна кое го грее телото

popara11 април, 20251min00
116059_fungi-pasta-g_f

Потребно е:

300 гр тестенини (по избор)
300 гр печурки
2 чешниња лук
200 мл кисела павлака
маслиново масло
сол и бибер
пармезан (по избор)

Подготовка:

Сварете ги тестенините според упатството на пакувањето. На маслиново масло пропржете го сечканиот лук и печурките. Додадете павлака, сол и бибер, па варете додека не се згусне сосот. Додадете ги тестенините во сосот и сè добро измешајте. Послужете со пармезан.