Со редовно изведување на оваа вежба може да влијаете на намалување на крвниот притисок

popara1 мај, 20251min00
b_250430115

Иако сите видови вежбање се ефикасни во контролирањето на крвниот притисок, истражувањата покажаа дека најкорисната вежба е сквотот на ѕид.

Новото истражување покажа дека не мора да вежбате енергично за да го подобрите крвниот притисок, што е добра вест за секој кој не сака кревање тегови или трчање. Мета-анализата објавена во British Journal of Sports Medicine покажа дека статичните изометриски вежби, или вежби во кои ги активирате мускулите без да се движите, може да бидат поефикасни од другите методи на тренирање кога станува збор за намалување на крвниот притисок.

Научниците анализирале 270 клинички испитувања кои ги документирале ефектите од вежбањето кое трае две или повеќе недели врз крвниот притисок во мирување. Тим од Универзитетот во Кентербери Крист Черч во Кентербери откри дека изометриските вежби се покорисни за подобрување на систолниот и дијастолниот крвен притисок во споредба со кардиоваскуларните вежби, тренинзите за сила и интервалните тренинзи со висок интензитет.

Специфично беа проучувани три типа на изометриски вежби, а чучњеви на ѕид се покажаа како најсоодветна вежба.

„Веруваме дека ова може да се должи на поголемата мускулна маса што се користи при изведување чучњеви на ѕид во споредба со другите изометриски методи за тренирање“, д-р Џејми О’Дрискол.

Дополнително, аеробните вежби и тренингот со динамичен отпор се истакнати како корисни за намалување на крвниот притисок. Д-р Роберт Рос истакна дека истражувањето е охрабрувачки за луѓето кои сакаат да го намалат или контролираат крвниот притисок преку вежбање.

„Ако некој сака да го намали крвниот притисок и тоа го мотивира да вежба, тогаш добрата вест е дека изометриските вежби, тренинзите за сила и класичните аеробни вежби се поврзани со намалување на систолниот и дијастолниот крвен притисок“, рече Рос.

За разлика од трчањето, пливањето или вежбањето со тегови, изометриските вежби се практични, временски ефикасни и не бараат опрема за вежбање. Како што објаснува Рос, доколку немате 150 минути неделно умерена до енергична физичка активност, би било корисно да изведувате едноставни вежби кои имаат здравствен ефект.