НЕОДОЛИВ БАНАНА ЛЕБ: Десерт кој освојува на прв залак

popara7 мај, 20251min00
114294_shutterstock-1388877647_f

Неопходно е:

1 чаша шеќер
1/2 чаша омекнат путер
2 јајца
3 зрели банани
2,5 чаши брашно
1 лажичка екстракт од ванила
1 лажичка прашок за пециво
1/2 чаша млеко
1/2 чаша сецкани ореви

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Со миксер се матат шеќерот и путерот. Потоа додадете ги јајцата, испасираните банани, млекото и екстрактот од ванила. Сè добро изматете, па истурете ги брашното и прашокот за пециво. Изматете додека смесата не стане компактна. Додадете ги оревите и целата смеса истурете ја во тавата. Лебот се пече околу четириесет минути во загреана рерна на 180 степени додека не порумени.