Многу е важно да го направите ова пред лакирање на ноктите: Клучен чекор кој сите го прескокнуваат

popara13 мај, 20251min00
676

Лакот за нокти всушност треба да биде последниот чекор кога е во прашање негата на рацете. Пред мачкање, неопходен е третман на раце.

Пред се, за рацете да бидат здрави и убави, потребно е да се хидрираат. Кога нанесувате лак, а претходно не сте ја негувале кожата, рацете ви се суви и перутаат, па повеќе ќе изгледаат болно отколку убаво и негувано. Ова е особено важно во зима, кога рацете се изложени на студ и побрзо се сушат.

Негата на рацете е процес, а нивната хидратација мора да се одржува. Обидете се да користите производи богати со шеа путер. Доколку ги грицкате ноктите, користете препарати со антивоспалителни состојки, како што е овесното масло.

Покрај тоа, чистењето на ноктите е чекор кој повеќето дами го прескокнуваат. За да го направите вашиот маникир да блесне во полн сјај, неопходно е да ги отстраните нечистотиите и кутикулите со помош на мали ножици и стапчиња за маникир. Поентата е јасна. Вашите нокти мора да бидат здрави и негувани за да бидат убави. Лакирањето е само последниот чекор.