
Американската ријалити ѕвезда Ким Кардашијан покажа како изгледала како тинејџерка и предизвика воодушевување кај своите следбеници на социјалните мрежи.
Фотографијата е направена во 1993 година, кога имала 13 години. Многумина коментирале дека е природно убава и дека немало потреба да се подложува на козметички процедури.
„Навистина не можам да разберам зошто Кардашијанките се оперирале. Тие се совршени такви какви што се“, „Природна убавина. Не ѝ требало ништо да прави“, „Нејзината ќерка Чикаго е буквално нејзина копија“, „Прекрасна си“, се некои од коментарите на Инстаграм.
Ким претходно ги негираше обвинувањата дека се оперирала под нож и изјави дека инјектирала само ботокс. Сепак, хирурзите веруваат дека се оперирала на носот и вилицата, ги зголемила усните, градите и задникот и многу повеќе.
Таа ги игнорира критиките и значително го менува својот изглед секоја година во согласност со трендовите. Таа ги следи стапките на нејзината мајка Крис Џенер. Во интервју за списанието Allure во 2022 година, таа рече: „Навистина се грижам да изгледам добро“.