„Трауматско искуство со предавство“: Сопругата на Хју Џекмен за прв пат проговори за поднесувањето барање за развод

popara2 јуни, 20251min00
Screenshot_31

По речиси три децении брак, Дебоа-Ли Фернес по прв пат јавно се огласи за својот развод од познатиот актер Хју Џекмен. Во емотивна изјава, австралиската актерка и продуцентка отворено проговорила за предавството, процесот на зацелување и нејзиниот поглед кон иднината.

Дебора-Ли Фернес (69) и Хју Џекмен (56) се венчале во 1996 година, а во септември 2023 година го шокираа светот објавувајќи го својот развод. Две години подоцна, разводот официјално беше финализиран деновиве.

https://www.instagram.com/p/DKKxE8NS0u8/?utm_source=ig_embed&ig_rid=18f554f5-1f0e-4a87-94ba-686c6a9bb30c

„Моето срце и сочувство се со сите што поминале низ трауматското патување на предавството. Разводот е длабока рана што боли до срж“, рекла Дебора во изјава за Daily Mail.

И покрај болката, Дебора истакнува дека верува во повисока сила и дека токму ова верување ѝ помогнало да го надмине крајот на нејзиниот речиси триесетгодишен брак. „Верувам дека Бог или универзумот, како и да го наречете, секогаш работи за нас. Тој поглед на светот ми помогна да го пребродам овој предизвикувачки период“.

Низ процесот на развод, вели таа, стекнала многу мудрост и самоспознание. „Дури и кога се соочуваме со неволји, тоа нè води кон нашето најголемо добро и вистинска цел. Може да боли, но на долг рок, враќањето кон себе и живеењето во согласност со сопствените вредности и граници носи слобода“, истакнала таа.

Дебора посебно нагласила дека најголемата лекција што ја научила е дека „ништо од ова не е лично“. „Сите ние сме на свои индивидуални патувања. Верувам дека врските во нашите животи не се случајни – ги привлекуваме луѓето за да научиме лекции и да ги излечиме скршените делови од нас. Останувам благодарна“.