
Ќе ви требаат:
1 кг целер
100 гр кромид
100 гр ореви
1 гранче мајчина душица
сол, бел бибер, маслиново масло
4 лажици павлака со малку маснотии за готвење
Подготовка:
Целерот се пече во рерна околу 2 часа на 180 степени. Кромидот исечкајте го на коцки, па пропржете го во маслиново масло. Додадете ги оревите, пржете уште неколку секунди, додадете го целерот и прелијте со литар вода. Гответе околу половина час, а потоа додадете ги зачините. Крем супата изблендирајте ја со рачен блендер и посипете со сечкани ореви и украсете со ниско маслена павлака.