Направете сами СЕНФ: После овој рецепт, никогаш нема да купувате од продавница!

popara20 јуни, 20251min00
676 (6)

Дресингот без кој не можете да замислите ручек со месо, сега можете сами да го направите.

За да направите сенф, не ви треба многу време ниту состојки, а ќе добиете здрав и вкусен сос кој одлично се вклопува со месо.

Потребни ви се: чаша семки од сенф, чаша јаболков оцет, чаша овошен оцет, чаша пиво, парче лута пиперка, сол и црн пипер.

Ставете ги семките од сенф во тегла и прелијте ги со пивото и оцетот, затворете и оставете ги покриени 24 часа. Измешајте ги семките во блендер, потоа зачинете со сол, црн пипер и лута пиперка.

Оставете го подготвениот сенф во фрижидер неколку дена да ферментира. Колку подолго стои, толку посилен ќе биде мирисот.