Заблескајте во жолто

popara18 август, 20111min00
zolti-fustani

Ова лето свежите бои се вистински моден хит, но се чини дека жолтата боја завладеа на црвениот тепих, а и голем дел од дизајнерите ја вклучија во своите колекции. Исто така многу познати личнности во своите плакари вклучија и по некој жолт фустан кој би им послужил во било која пригода ова лето.

Жолтиот фустан облечете го на високи поптпетици во комбинација со црни тонови. Доколку се одлучите на жолт фустан, не ви се потребни многу додатоци, бидејќи самиот фустан е доволен. Истото се однесува и до шминката, која треба да биде минимална.

За жолт фустан можете да се одлучите во различна пригода, на плажа, за дневно излегување, или можеби за ноќна забава, а можете да го облечете и за некоја свечена прилика. Единствено ви е потребно малку храброст за да заблескате во било која од нијансите на жолтата боја. Одберете ја вистинската жолта нијанса која одговата на вашиот тен и нема да згрешите.

Можете да бирате од сончева жолта, силна жолта, лимон жолта па дури и златна жолта. Не плашете се да го испробате овој стил, бидејќи доколку успеете да ја погодите вистинската нијанса, ќе заблескате.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma