
Едно онлајн истражување открило неколку работи кои неверојатно ги нервираат мажите кај спротивниот пол и поради кои тие, како без глава, бегаат од жените.
Прочитајте кои карактеристики на жените ги наведоа мажите како неподносливи:
1. Драмата, која жените неретко ја прават поради тоа што мажот, на пример, не се јавил во договореното време, ги тера припадниците на машкиот пол да бегаат што подалеку без да се свртат.
2. Посесивноста манифестирана со постојано проверување на мобилен телефон или Фејсбук и константните прашања „каде е“ и „со кој е“, за мажите претставува доказ дека не им се верува или дека некој се обидува да ги контролира.
3. Наметливоста, според мерката на мажите, е веќе и тоа што жените сакаат целото време да го минуваат заедно или, ако тоа не е возможно, постојано да се слушаат на мобилен телефон. Мажите не сакаат да им се упаѓа во нивен простор.
4. Минатото е една од работите за кои мажите не сакаат ништо да слушнат од жените, ниту какви биле нивните поранешни партнери, ниту со какви се детали се занимавале во изминатиот ден. Тоа, мажите многу ги нервира.
5. Моќта како особина или тенденција кај жените за мажите е неподнослива, особено кога жена тежнее да биде главна.