
Серијата „The Waterfront“ на Нетфликс, во режија на Кевин Вилијамсон, ги воодушеви гледачите. Ја раскажува приказната за семејството Бакли од Северна Каролина, кои се занимаваат со риболов.
Ги истражува семејните односи и границите до кои луѓето се подготвени да одат кога станува збор за нивното наследство. Во серијата главните улоги ги толкуваат Холт МекКалани, Мелиса Беноист, Џејк Вири, Рафаел Л. Силва, Хамберли Гонзалес и други.
Многумина ја споредуваат со серијата „Озарк“ бидејќи и двете прикажуваат „обично“ семејство кое е вовлечено во светот на криминалот. Според FlixPatrol, „The Waterfront“ е моментално најгледаната серија на Нетфликс.
Режисерот Кевин Вилијамсон, кој е познат по „Dawson’s Creek“, изјави дека семејството Бакли ќе направи се за својата „риболовна империја“.
„Станува збор за луѓе кои грешат и прават лоши работи и тонат се подлабоко и подлабоко“, рече тој и додаде дека оваа серија е делумно лична, имајќи предвид дека неговиот татко одамна бил рибар.
„Рибарската индустрија „се преврте наопаку“ во 1980-тите и татко ми не можеше да го прехрани своето семејство. Некој му рече: „Ако само го правиш ова, можеш да заработиш пари“ и беше тешко да се каже „не“. Татко ми, кој е многу добар човек, беше во искушение да прави некои незаконски работи и влезе во неволја, но не хранеше и ми ги финансираше студиите“, рече тој.