
Ви треба:
2 кг зрели кајсии
600 г шеќер
Подготовка:
Добро измијте ги кајсиите, потоа извадете ја семката и ставете ги во голем сад. Прелијте го со шеќер и добро измешајте. Доведете го џемот до вриење на средна температура, мешајќи повремено. Откако ќе зоврие, намалете ја температурата и оставете го да крчка околу 45 минути. Потоа тргнете од оган и истурете го во чисти, стерилизирани тегли. Ставете ги теглите во претходно загреана, исклучена рерна и оставете ги таму додека не се изладат целосно.