
Ако сакате да изгледате природно со вашата шминка, тогаш ќе го обожавате овој нов трик кој во последно време е тренд меѓу „бјути“ блогерките.
Сè што ви треба е прашок за пециво!
Демонстрирајќи го овој трик за шминкање на TikTok, Џорџи Кларк откри дека често користи прашок за пециво за обратно контурирање на носот.
Во видеото, таа објасни дека можете да постигнете природен, исончан изглед со земање мал, триаголен сунѓер за шминкање, нанесување прашок за пециво на него и цртање линија по должината на носот (по должината на ноздрите, не во средината на носот) и под очите.
Потоа нанесете малку руменило по средината на носот, но изберете потопла нијанса – розова или праска. Користете сунѓер или четка да го изблендирате сето тоа за да не се видливи линиите.
Конечно, нанесете само две точки хајлајтер – едната на врвот на носот, другата на мостот на носот и повторно втријте го.
На многу луѓе им се допадна нејзиниот трик за сончев изглед, а позитивните коментари се напливуваа.
„Поентата“ на овој трик е да користите прашок за пециво за да му дадете на вашето лице мат изглед, додека ги истакнувате посакуваните делови од лицето со хајлајтер или бронзер.